Неодамна заврши дванаестата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
На сцената имавме прилика да гледаме разни кандидати, многу емоции, солзи, смеа….
Иако на сцената на „Гранд“ кандидатите меѓу себе беа конкуренција и се бореа за што подобар пласман, зад сцената владееше дружба, пријателство и пријатна атмосфера.
И оваа година учествуваше македонскиот кандидат Огнен Здравкоски чиј ментор беше Марија Шерифовиќ.
Огнен стигна до самото финале, а пред големиот крај, Шерифовиќ ги однесе своите кандидати во Париз каде нејзинита група се релаксираше.
Меѓутоа, откако заврши и самото финале, кандидатите од музичкото шоу продолжуваат да се дружат.
Така, деновиве, Здравкоски објави фотографија заедно со една од омилените учеснички во ова шоу Милица Чикариќ.
Не е чудно за фотографијата туку под неа веднаш почнаа да се нижат коментари што наговестуваат дека меѓу парот можно е да има нешто повеќе од пријателство.
Милица под коментираше „ммм маче“, а веднаш следуваше одговор: „љубов“.
Нивните следбеници не молчеа, па еден од нив веднаш праша: „што се случува овде?“
Дали меѓу овие учесници има нешто повеќе од пријателство, ќе покаже времето.
За потсетување, во септември започнува новата сезона на региоалното музичко шоу, за кое веќе завршија аудииците, а Поповиќ најави дека има околу 50 нови учесници.
Извор: Вистина.мк