Дарко Лазиќ неодамна стана татко по вторпат, а неговата свршеница Марина Гагиќ на свет го донесе синот Алексиј.
Марина и Алексиј во саботата излегоа од породилиште, а Дарко по повод на неговиот син Алексиј направи нова тетоважа.
Меѓутоа, пејачот не се појави на роденденот кај неговата ќерка Лорена, ќерка од првиот брак на Дарко со Ана Севиќ.
Иако нејзиниот роденден е на 10 јули, Ана Севиќ деновиве и направи забава на нејзината ќерка во една игротека.
Кога новинарите ја прашале Ана дали се појавил Дарко, таа едвај успеала да одговори: „Не се појави“ изјавила Ана за медиумите.
Од друга страна, на својот Инстаграм, Дарко сподели постаро видео со својата ќерка Лорена и истото можете да го погледнете ТУКА.
Не е познато зошто пејачот не се појавил на роденденската забава.
Инаку, Дарко пред неколку дена ги зема од породилиште неговата свршеница и наследникот. Тој со насмевка на лицето излезе од болницата во рацете носејќи носилка во која спиеше Алексиј.
Марина изгледа одлично и витко иако се породи пред пет дена. Дарко пред болницата ја покажа новата тетоважа посветена на синот.