Детали за разводот на Перо Антиќ и Ружица – Како го поделиле имотот (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Деновиве одекна веста за разводот на претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ и неговата сопруга Ружица.

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ ги има детали за разводот на Перо и Ружица. Како што пренесува „Бекстејџ“, Антиќ се развел од сопругата пред неколку месеци.

Наводно, старателството на децата припаднало на Ружица. Семејната куќа во која живеа сите овие години исто така и припаднала на Ружица, а Антиќ се преселил во станот на Водно каде што живее сам, тврди естрадниот магазин.

Се шпекулира дека имотот и милионите кој Перо Антиќ ги заработил од својата кариера ги поделиле 50 – 50.

Наводно, одлуката за развод не ја донеле преку ноќ, туку пред тоа следеле низа кавги и расправии.

Познатиот пар се уште не огласи за нивниот развод.