Кон средината на 2017 година, пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски се оствари во улогата на мајка и на свет ја донесе својата прва ќеркичка Искра.
Меѓутоа, водителката на „Улица Македонија“,Бојана моментално ужива во својата втора бременост, па наскоро Искра ќе добие братче или сестричка.
Пред неколку месеци, Бојана овие радосни вести ги објави на својот „Фејсбук“ објавувајќи фотографија на кое се гледа трудничкото стомаче.
Идната мама радосно го очекува својот нов член на семејството кој наскоро треба да пристигне и да донесе нови среќни моменти во домот на Скендеровски.
Деновиве, Бојана повторно позираше со трудничкото стомаче и тоа во поодминета бременост.
Во описот на фотографија напиша: „Одбројуваме“, а под фотограифјата се нижеа убави желби за водителката.
На Бојана и посакуваме лесно породување, а дали ќе добие синче или ќеркичка останува да видиме.
Извор: Вистина.мк