Скопјанката Маја Мицевска е eдинствената жена во Македонија која првпат станала мајка на 51 година. Таа денес ја има седумесечната Лина.
Маја секогаш сакала да има свои деца, но не сакала сама да одгледува дете. Токму во периодот кога веќе престанала да размислува за брак, го запознала таткото на нејзиното дете. Лина се роди 2.870 грама, а беше долга 50 сантиметри. Кога ја извадија почна да плаче, а кога ми ја ставија на градите, се смири – се потсети Маја на најубавиот момент во животот. Во болницата останале пет дена. Сите ми велеа – ти си прехрабра жена, раскажува Маја за „Ревита“.
Бременоста и породувањето биле во приватната болница „Ре-медика“.
Кога роднините и пријателите на Маја дознале дека чека бебе, со восхит зборувале за нејзината храброст да одлучи да стане мајка на тие години.
Реакциите беа тие, не им се веруваше дека имам толкава храброст да родам дете на 51 година. Кога дојдовме дома од болница имав голема помош од мајка ми, која и ден денеска ми помага. Лина, главно, е мирно бебе. Станува рано, до скоро се будеше по три пати во ноќта, а сега се буди само еднаш. Многу сака кога се шетаме надвор, сите деца ги гушка, среќно бебенце е – вели Маја.
Извор: Ревита