Егзотичен грчки остров кој не е толку познат кај туристите и се наоѓа поблиску од Тасос

ИЗВОРСкопје24
|

За сите оние кои сакаат вистински мир и одмор. Малиот познат остров по име Амолјани се наоѓа во регионот на Халкидики, на само 120 километри оддалеченост од Солун.

Овој острој е со големина на 4.5 километри и се наоѓа меѓу Ситонија и Атос, а таму има 600 жители.

До овој остров ќе стигнете од местото Уранополис или Трипити на Атос каде што постои редовен траект кој ве носи до таму. Возењео до островот трае 15 минути и чини 10 евра за автомобилот и 2.2 евра за возрасните луѓе.

Амолјани е единствениот населен остров на Халкидики и го красат песочните плажи и кристално чистата вода.

Овој остров до пред неколку години бил потполно непознато место за туристите, но поради чистото море и преубавите плажи сега е сè попопуларен.

Во Амолјани има вили и хотели, амбуланта, супермаркети и кафулиња – сè што е потребно за еден пристоен и убав престој.

Како и на секој остров цените во супермаркетите се малку повисоки, но не претерано.

Островот е многу мал па не е погоден за оние кои сакаат интензивен ноќен живот. Соврешено е за оние кои сакаат мирен одмор.

Плажите се многу блиску па сите ќе може да ги обиколите лесно со автомобил или скутер. Во Амолјани не може да изнајмите автомобил.

Овој остров може да го задоволи сечиј вкус бидејќи има големии пространи песочни плажи, но и сокриени мали заливи.

За Амолјани велат дека е мал остов со голема убавина затоа што таму е многу мирно и тивко, нема ноќен живот кој може да ви го поремети сонот. Единствената маана се комарците кои ги има во многу голем број.