Среќен ден за Лавот, голема заработувачка го очекува Стрелецот: Дневен хороскоп (02.07.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва помуабетете си со својот партнер и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.

Бик (21.04 – 21.05)

Потрудете се да бидете тактични. Не дозволувајте никој да влијае на вашиот живот. Партнерот сака да доминира, но не му го дозволувате тоа и стоите цврсто на земја. Постојано наидувате на неочекувани ситуации. Не трошете ја беспотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте заплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате.

Рак (22.06 – 22.07)

Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви попречат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да бирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош. Изберете го второто.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе ги раширите своите крилја и ќе летнете во потрага по забава. Благодарение на Месечината, ќе бидете расположени за дружење без крај. Каде и да одите, ќе наидувате на познаници кои ќе ги „заразувате“ со позитивната енергија.

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши.

Вага (23.09 – 22.10)

Веќе подолго време ве мачи нешто, а самите не знаете што. Времето работи за вас, искористете го тоа и уживајте во нечија прегратка. Обврските не можат да чекаат. Доколку пропуштивте нешто, потрудете се тоа денес да го надоместите. Некој ќе ви застане на патот, не дозволувајте да ви ги попречи плановите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чувствата ќе ви попречуваат во донесувањето на решение и ќе ја замаглуваат вашата проценка, а ова посебно важи за врската. Бидете внимателни и избегнувајте темпераментни реакции и детски расправии. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате доста креативна енергија, затоа потрудете се да ја употребите на адекватен начин. Ве очекува голема заработувачка. Чувствувате потреба да ја остварите животната цел. Послушајте го внатрешниот глас кој ви кажува кој чекор треба да го преземете.

Јарец (22.12 – 20.01)

Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.

Риби (20.02 – 20.03)

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете нова личност, не дозволувајте вашата лутина и фрустрациите да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги своите квалитети.