На 14 години почнала да снима видео клипови во соба, а денес е милионерка која работи за Ким Кардашијан

ИЗВОРСкопје24
|

На 14 години, Ники де Џегер почнала да снима клипови за шминкање во сојата приватна соба. Била прекрасно дете со страст кон шминкањето и производите за разубавување. Со години објавувала снимки на својот Јутјуб канал и така добила над 700 илјади сабскрајбери до својата 21 година.

Но, тоа било само почетокот.

Во мај 2015-та година споделила седумминутно видео кое променило сè и ја лансирало во светот на ѕвездите.

Нејзиното видео „Моќта на шминката“ толку брзо станало вирално, а денес оваа 25-годишна девојка вели дека малку фалело да не го објави.

„Го снимив и малку фалеше да не го објавам. Ја мразев таа снимка. Мислев дека никој нема да ја сфати“ – рекла таа.

Нејзиното тогашно момче ја убедило да ја сподели снимката, и многу брзо се воспоставило дека е во право. Две недели подоцна нејзиниот број на сабскрајбери “експлодирал“.

„Мислев дека сонувам, дека тоа не е реално!“

Видеото е погледнато преку 40 милиони пати, а Ники станала многу влијателно лице во индустријата на козметиката.

Неодамна станала советничка на модната куќа Марк Џејкобс, а се шпекулира дека нивната соработка вреди преку 6 милиони долари.

Таа е и на листата на „Топ инфлуенсери“ која секоја година ја креира списанието „Forbs“. Имала чест да ја шминка и Ким Кардашијан, а моментално има 12 милиони следбеници на Инстаграм, но и ист број сабскрајбери на Јутјуб.

„Никогаш не ни сонував дека ќе завршам вака. Почнав на 14 години, бев несигурна, ме злоставуваа и животот не ми беше совршен. Започнав да работам на својот Јутјуб канал затоа што првпат нешто работев со страст, а сега патувам низ светот зборувајќи за тоа“ – заклучила таа.