Црногорската плажа на која лежалките чинат 120 евра прогласена е за една од најубавите плажи во Европа

ИЗВОРСкопје24
|

Плажата на Свети Стефан прогласена е за една од најубавите плажи во Еропа, по оцена на британското списани „Evening Standard“.

Меѓу 30-те најубави плажи во Европа се наоѓа и плажата Свети Стефан, која своето место го најде до плажата Навајо во Закинтос, плажите во Портујалија, Сицилија и Шпанија.

„Фасцинантната песочна плажа со поглед кон полуостровот Свети Стефан. Половина од плажата резервирана е за гости од нејзиниот хотел, а другата половина е бесплатна. Поминете го денот впивајќи ги зраците од сонцето, нуркајте во длабокото море и восхитувајте се на планинските венци околу вас“ – се наведува во текстот.

Покрај Свети Стефан, на листата се наоѓаат и две плажи од хрватското крајбрежје, Нугал и Стинива, но и една плажа од Словенија, Месечевиот Залив.

Меѓутоа, доколку сакате да се искапите на Краличината плажа, односно десната страна од плажата на Свети Стефан, ќе ве дочека изненадување затоа што изнајмување на две лежалки и чадори чини 120 евра, па затоа не е ни чудно што поголемиот дел од сезоната овој дел на Свети Стефан е празен.