Ќе признаете дека вакво нешто не може да се види секој ден.
Навикнавме да ги гледаме луѓето во различни модни комбинации на улица, во јавен превоз или пак во текот на ноќните излегувања, но една девојка која на пазарење отишла со вртоглаво високи потпетици го привлекла вниманието кај сите.
Кога ќе тргнете на пазарење, обично облекувате нешто што прво ви е на дофат и гледате да ви биде удобно и пријатно во тоа што го носите.
Меѓутоа, една девојка ништо не остава на случајноста, па така во маркет отишла во вртоглаво високи потпетици.
Потпетиците ѝ биле толку многу високи што морала малку да се “спушти“ со своето тело за да може да ја турка количката.