Пеколниот бран и екстрмено високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и истите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен додека незначителен пад на истите ќе има во петок и за време на викендот за потоа повторно да бележат тенденција на пораст.
Сепак атмосферата немада биде стабилна следните денови и тоа под влијание на висински циклонски систем и значителната влага која ќе ја имаме во атмосферата па така во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Атмосферата е премногу загреана поради изразениот африкански бран и истата е исполнета со многу енергија, токму поради ова локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења и појава на град. Локално невремето може да биде и поизразено однсоно со град од поголема величина (покрупен).
Во случај на појава на електрични празнења овие денови да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така да се избегнува зборување на мобилен телефон доколку се наоѓате на отворен простор. Исто така додека траат електричните празнења домашните уреди да бидат исклучени.
Подготви: Славчо Попоски