Никогаш не дозволувајте бидермаерот да падне на под: Што значи тоа за младенците

ИЗВОРСкопје24
|

Барем од почит кон младенците треба да го фатите бидермаерот. Еден од најпопуларните обичаи на венчавките е фрлањето на бидермаерот, а според веувањата девојката која ќе го фати е следна која ќе се венча.

Зошто воопшто се фрла бидермаерот?

Во последните неколку децении подвезиците се заменети со бидермаер, а бидејќи невестата не може долго да го чува, бидејќи цвеќето венее се верува дека со предавањето на бидермаерот на друга девојка таа ја пренесува и својата плодност.

Не е необично што во многу од случаите бидермаерот паѓа на под, а тоа никако не смеете да го дозволите затоа што со тоа се верува дека младенците нема да имаат среќа во бракот.

Од друга страна пак, доколку момчето ги фати подвезиците тогаш се верува дека тој следен ќе се ожени.

Доколку ви е срам да застанете да го фатите бидермаерот, тогаш барем застанете со сите девојки, но глумете дека сте незаинтересирани. А доколку баш бидермаерот “тргне“ кон вас, бидете достоинствени и фатете го.