Како што се дознава српски Ало, пејачката Емина Јаховиќ уште пред пет месеци се смирила со момчето Садетин Сарен, со кој инаку започнала врска минатата година на почетокот на октомври.
Имено, Емина ја прекинала романсата со турскиот милионер во февруари оваа година, но брзо се смириле и ја чувале својата врска во тајност.
Емина и Садетин накратко ја прекинале романсата, но брзо се смириле бидејќи сфатиле дека не можат еден без друг. Како еднаш се изгореле, кога признаа дека се заедно, сега решиле да молчат за романсата и да ја кријат додека можат. Меѓутоа после пет месеци од смирувањето, пејачката сакала да ја прекине агонијата и тоа најмногу поради поранешниот сопруг Мустафа Сандал, кој почнал да и прави проблеми поради Садетин – открива изворот и додава дека турскиот пејач направил вистински хаос кога видел дека Емина секаде ги води децата со Садетин.
На Мустафа почнало да му пречи што Јавуз и Јаман се почесто почнале да зборуваат за Садетин и да раскажуваат како со него си поминуваат многу убаво и дека обожуваат да одат на неговата јахта. Мустафа полудел и не сакал да и ги врати децата на Емина. Не и се јавувал на телефон и настанал општ хаос. Пејчаката дури сакала да повика полиција, бидејќи се загрижила и не можела да верува дека Мустафа би и ги земал децата поради врската со Садетин – открил изворот и додал дека од тој инцидент Емина ретко се слуша со поранешниот сопруг.
Мустафа сепак се вразумил после тоа и и ги вратил децата, но ја условил само во ретки прилики да ги води Јавуз и Јаман кога се гледа со своето момче. Токму поради тоа Емина решила да ја обелодени врската со Садетин.