Дестинација во Грција која вреди за секој денар, а најдобро е да ја посетите во септември (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Плажата Саракинико на островот Милос, според мислењето на CNN се наоѓа на листата на најубави плажи на светот, а нејзината посета се препорачува најмногу во септември.

Ако постои нешто што може да ја долови површината на Месечината, тогаш тоа е оваа плажа. Рамните, бели карпи во комбинација со тиркизното Егејско море создаваат уникатен пејсаж кој го прават островот посебен.

Вулканскиот остров Милос во Егејското море, каде е пронајдена статуата на Афродита од Милос, е познат по своите бели карпи, рајските плажи и тиркизното море.

“И Грците и странците знаат дека секој грчки остров е посебен свет. Милос е сепак поинаков”, вели Леонидас Фотинос, жител на овој остров.

“На Милос магнетната моќ на природата е толку силна што може да ги преплави сите ваши сетила. Затоа обожуваме да живееме тука, а туристите се посебно воодушевени кога ќе го откријат ова место”.

Фотинос, чиј татко е роден на Милос, чувствувал неверојатна носталгија за островот до таа мера што се вратил да живее на него пред 25 години и отворил туристичка агенција. Оттогаш бил сведок на Боливуд кој тука снима филмови, бројните модни куќи кои го одбираат прекрасниот остров за своите едиторијали, но и многуте познати пејачи кои токму на Милос ги екранизирале своите хитови.