Чистењето теписи може да биде многу заморно, бидејќи е потребно да ги изнесете надвор, да ги исперите, да чекате да се исушат, а притоа користите многу хемикалии.
Тука ќе ви покажеме многу корисен начин на кој можете успешно и лесно да ги исчистите вашите теписи. Со помош на овој трик, вашиот тепих ќе изгледа како да е нов.
Потребно е прво да го исчистите тепихот со правосмукалка, а потоа на памучна крпа нанесете оцет, па добро избришете го тепихот. Земете друга крпа, малку навлжнете ја и на неа нанесете сода бикарбона, па и со неа пребришете го тепихот.
Оставете го така да стои 20 минути, а потоа повторно поминете со смукалка. Веднаш ќе забележите подобрување бидејќи содата и оцетот се многу ефикасни.
Домашно средство за чистење – Две состојки и ќе блескаат сите површини
Направете си домашно средство за чистење од две состојки. Се што ви треба е лимон и оцет. Исцедете лимон во стаклен сад и ставете оцет, може и алкохолен и јаболков.
Нека стои смесата три дена, па користете ја за сите површини откако ќе ја процедите. Се користи 20 дена од денот кога е направено.
Ставил таблета за миење садови во машина за перење алишта – ова е генијално
Денес не можеме да го замислиме животот без машина за перење алишта. Меѓуто, често забораваме дека и на машината повремено и е неопходно чистење. Ако од вашата машина за перење чувствувате мирис, време е да примените еден трик за чистење.
Пред сѐ, проверете го филтерот и исчистете го ако е валкан. Потоа, земете една таблета за миење садови, ставете ја во преградата во која оди прашокот за перење.
Подесете го програматорот на 60 степени, а потоа пуштете ја машината празна да одработи еден циклус. Резултатите се сјајни. Машината од внатре ќе биде совршено исчистена, а непријатната миризба ќе исчезне.
Деталите погледнете ги во ВИДЕОТО во прилог: