Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ од 6. месецов (сабота) воведува нова линија Охрид-Дортмунд.
На новата релација „Визер“ ќе лета двапати неделно, секој вторник и сабота. Таа е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот „Св. Апостол Апавел“ во Охрид предвидени со Договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.
Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави.
Од месец март годинава исто така се лета со цени од 20 евра до Малме и Милано.
Со овие авиолинии оперира Визер а покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.
„Визер“ превезе преку 1,4 милиони патници на своите летови од и кон Македонија во 2018 година, што претставува раст од 14,4 проценти во однос на претходната година. Авиокомпанијата имаше пазарен удел од 62 отсто, а во 2018 година на неа отпаднаа 85 отсто од сите патници кои патувале со нискобуџетни превозници во Македонија.