КБ прв пензиски фонд веќе управува со над 600 милиони евра на идните пензионери

ИЗВОРСкопје24
|

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, стана првото пензиско друштво во Република Северна Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 600 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот.

Во текот на досегашното работење од 2005 година па наваму, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд Скопје, вклучени се 254.199 ( * извор www.mapas.mk ) членови и времено распределени лица, чиишто уплати заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина.

Средствата со коj управува Друштвото се инвестираат под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Друштвото и во иднина ќе продолжи со највисок степен на грижа за средствата на членовите на Фондовите.