Многу сметки не можат да се скенираат за поврат на ДДВ

ИЗВОРСкопје24
|

Многу граѓани реагираат дека дел од сметките успешно ги скенирале, но дел од сметките, и покрај сите обиди, останале нескенирани, со што не се евидентирале за поврат на ДДВ.

Наша сограѓанка, држејќи 6 сметки во рака, вели дека успешноста во скенирањето ѝ е 50 отсто.

– Од 6 сметки, 3 сметки веднаш ги скенирав, но за 3 сметки скенирањето воопшто не реагираше – ни вели нашата сограѓанка.

Незадоволна е и скопјанката која вели дека завчера, на првиот ден од воведувањето на повратот на ДДВ, направила поголема сметка во еден маркет, но се разочарала оти сметката не можела да ја скенира.

– Најголем промет правиме во големите маркети и ако тие сметки ни останат нескенирани, за каков поврат на ДДВ зборуваме – вели нашата соговорничка.

Во УЈП приложивме повеќе сметки од наши граѓани што не можеа да ги скенираат. Оттаму велат дека граѓаните имаат можност за поврат на ДДВ за секоја фискална сметка и тоа право нема да им биде скратено.