Дарко Лазиќ собра голем број на пријатели и роднини во родниот Брестач за да го прослави раѓањето на синот Алексиј.
Малиот Алексиј се роди на 24 јуни во Белград, а Лазиќ по тој повод направи нова тетоважа посветена на синот.
„Марина е одлично, одмара дома со Алексиј, јас сакав да дојде, но знаете како одат женските работи, шминка, фризура….Презадоволен сум како се снајде, навистина вистинска мајка“ вели Дарко. Лазиќ не присуствуваше на роденденот кај неговата ќерка Лорена која ја има од бракот со Ана Севиќ, а сега вели дека таа е виновна.
„Тоа мојата бивша жена се намонтира. Да ме плукаат новинарите….Требаше да правиме роденден на Лорена кон крајот на јули и реков да не биде за викенд бидејќи ќе работам. И кога се дозна дека работам, се закажа роденденот и не можеше да се помести. Не сакам да зборувам, сите знаеме дека тоа е нејзина работа. Јас на своето дете ќе и направам роденден кога навистина е односно 10 јули, па така да ќе оболежам се како што треба“ вели Дарко.
За потсетување, Дарко неодамна ја запроси својата свршеница Марина Гагиќ со која наскоро планира и свадба.