Невремето буквално го поплави Скопје – Олуја, град и грмотевици ги испаничија граѓаните (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Силно невреме со пороен дожд и град пред околку еден час го зафати Скопје. Во главниот град се слушаат и грмотевици, а дува и силен ветер. Олујата која за минута го зафати главниот град испаничи многумина кои се најдоа на отворено, па побрзаа да се сокријат кон најблиските згради или трговски центри.

Невремето и врнежите сеуште продолуваат но со намален интензитет, а и високите температури веќе се намалија, па конечно може пријатно да се дише.

УХМР веќе неколку дена наназад најавуваше дека ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

ВИДЕО: Силно невреме во Скопје – Дожд и град

ВИДЕО: Силно невреме во Скопје – Дожд и град

Gepostet von Press24.mk am Donnerstag, 4. Juli 2019

Инаку тропското време во земјава ќе потрае до средината на следната недела кога ќе има намалување на максималните температури за неколку степени.

Утре во попладневните часови ќе биде врнежливо со грмежи, а локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Потоа до вторник ќе преовладува претежно сончево и топло време.

Минималните температури утре ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 степени, а дневна до 32 степени.

Во сабота минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 29 до 37 степени, а во недела минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневните од 30 до 38 степени.

Во понеделник минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните од 31 до 39 степени, додека во вторник минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, а дневните од 31 до 38 степени. Пад од неколку степени ќе има в среда за кога се прогнозираат максимални 31 степен.