Неодамна заврши 12-тата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Оваа година членовите на жирито освен што беа судии има и улога на ментори.
Така, по финалето, Ѓорѓе Давид кој оваа година беше прв пат во музичкото шоу, во едно интервју истакна дека Ана Бекута не била доволно посветена на своите кандидати.
Ана не остана должна, па веднаш врати на прозивките.
„Мислам дека го кажа тоа без да размисли и чекам извинување од Давид“ изјави Ана Бекута.
За потсетување, оваа година во музичкото шоу победи Џејла Рамовиќ.
Ана Бекута ocлабе 12 килограми, па премина во плавуши!
Бекута во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави како русокоса, со 12 килограми помалку. Сите беа вчудовидени и воодушевени од нејзиниот изглед, нои и бојата на косата.
„Изгубив 12 килограми, четири месеци бев под режим, не поради некои здравствени проблеми, туку заради тоа што така сакав”, рече Ана Бекута кога ја пофалија за нејзината линија.
„А и косата ја бојадисав по своја волја, а не за туѓа љубов… Дали сум вљубена? Можеби! Прашајте го Милутин што прави“ – се насмеа бекута!
Бекута одговори на предизвикот кој и беше поставен во анкетата која беше посветена за неа а гласеше колку склекови може да направи познатата пејачка.
Испитаниците одговирија дека дека не може да направи ниту еден или најмногу може да направи четири склека.
Ана во тој момент стана и покажа што може да направи. Легна на подот во студиото, а Поповиќ беше судија.
Бекура среде емисијата успеа да направи 25 склекови.
Кога заврши со физичките активности, сите во студиото беа воодушевени од нејзината физичка активност и аплаудираа.