За оние кои бараат работа во странство: Објавено кои земји даваат најдобри услови за гастербајтерите, а посебно за висококвалификуваните работници

ИЗВОРСкопје24
|

Австралија, Шведска, Швајцарија, Нов Зеланд и Канада се добри опции за висококвалификувани работници кои сакаат да имигрираат, се наведува во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој OECD.

Тие земји нудат добри услови на пазарот за работа и за висококвалификувани работници и прилагодливо окружение, се наведува во извештајот.

Истата група на земји, заедно со Норвешка, но без Австралија, воедно е и најпривлечна за претприемниците, се наведува во извештајот кој бил направен во соработка со германската фондација “Bertelsman”.

OECD анализирал низа фактори во своите 36 земји членки, вклучувајќи и можности кои им се пружаат на работниците, приходи и даноци, долгорочни можности, оркужение за семејството и квалитет на животот.

За оние кои бараат терцијарно образование најдобри се Швајцарија, Норвешка, Германија, Финска и САД, наведува OECD. Израел, Јапонија и Турција би можеле да ги подобрат условите ако сакаат да привлечат висококвалификувани работници.

Грција, Мексико и Турција заостануваат во привлекувањето на странски инвеститори поради неповолните услови за работа, стои во извештајот.