Тамара Тодевска ги откажува своите настапи закажани за во Охрид и Прилеп. Оваа нејзина одлука следува откако наиде на остри реакции од јавноста бидејќи од химната на Македонија го исфрли значајниот дел.
За овој нејзин чекор, таа вели дека е ненамерна грешка.
Во прилог ви го пренесуваме ФЕЈСБУК статусот на Тамара Тодевска.
„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пе**л за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор“-напиша Тамара.