Ли Јакока, поранешен извршен директор на Крајслер е најзаслужен за спасувањето на компанијата од банкрот во 1980-тите годинi. Тој зад себе остави успех, слава и многу мудри цитати кои ќе бидат инспирација за сите идни лидери.
Јакока, како син на италијански имигранти, започнал да работи во “Форд Мотор Компани“ во 1946 година, а благодарение на својот талент во 1970 година е назначен за претстедател на истата компанија. Во текот на годините, тој бил главна фигура во развојот на “Форд Мустанг“, автомобил кој претставува пионер од тој тип, и и помогна на компанијата да оствари вртоглави профити.
Но, и покрај тоа, тој во 1978 година беше отпуштен од Хенри Форд Џуниор поради тоа што не му се допаѓал на семејството Форд. Во својата биографија од 1984 година, Јакока го опишал своето отпуштање како “да се биде фрлен од врвот на Монт Еверест“.
Потоа, тој беше ангажиран од Крајслер и стана извршен директор на компанијата во 1979 година, помагајќи и да се врати од работ на банкрот преку убедување на американските власти дека Крајслер е составен дел од националната економија и затоа треба да се спаси. Министерството за финансии на САД му го дал побараниот кредит, а Крајслер за многу кратко време се исправи на нозе и го врати целиот износ.
Ние во Крајслер позајмување пари на старомоден начин, но секогаш ги враќаме назад, рече тој во говорот во 1983 година.
Обновувањето на Крајслер и доаѓањето на “Chrysler minivan“ му помогна на Јакока да се заврсти на својата позиција како извршен директор на компанијата.
Неговата книга од 1984 година, “Јакока: Автобиографија“ (која ја напиша со Вилијам Новак), стана бестселер, а во неа се вклучени некои од најмудрите зборови на Јакока на тема лидерство и иновации и како овие две работи одат рака под рака во бизнисот.
Еве некои од неговите најчести цитати: -“Вработувам луѓе кои се попаметни од мене, а потоа им се тргам од патот“. -“Во мојата книга ако не сте број 1, мора уште да иновирате“. -“Најуспешниот бизнисмен е човекот кој се држи до старото додека е добро, но веднаш го зграпчува новото штом тоа ќе стане подобро“. -“Мотивацијата е се. Можете да работите за двајца, но никогаш не можете да бидете две лица. Наместо тоа, треба да го инспирирате другиот и да го натерате тој да ги инспирира останатите“.- “Ние континуирано се соочуваме со големи можности кои се брилијантно маскирани во нерешливи проблеми“. -“Започнете со добри луѓе, поставете ги правилата, комуницирајте со вашите вработени, мотивирајте ги и наградувајте ги. Ако ги правите сите тие работи ефикасно, не можете да утнете“. -“Одлучност е еден збор без кој не може да постои добар менаџер“. -“Можете да имате брилијантни идеи, но ако не можете да ги реализирате, тие нема да ве одведат никаде“.- “Секој претпоставен кој вреди нешто, пре би се занимавал со луѓе кои се трудат премногу, отколку со оние кои се трудат премалку“.