Во јавноста подолго време ја нема Искра Канзурова, поранешната сопруга на актерот и шоумен Игор Џамбазов.
Игор Џамбазов и Искра беа десетина години во брак. Канзурова денес е во среќен брак и има две деца. Искра ја гледавме во емисијата „Семеен магазин“ на телевизија Алфа.
Во јавноста ја нема извесно време. Гледачите ја паметат како лик кој се појавуваше на тв екраните.
Искра Канзурова на 37 години го роди првото дете со својот сакан Владимир. Денес имаат две дечиња, а ова е втор брак за двајцата.
Владимир, покрај тоа што знае да готви одлично, како што изјави Искра во една пригода, тој е стабилен човек, кој секогаш е подготвен за акција. Тој е вљубеник во велосипедизмот, а неговиот спортски дух одлично и прилега на темпераментната Искра.
Водителката, ужива во хармонијата на брачниот живот и вели дека оној момент кога ќе кренете раце вистинскиот човек ќе се појави како гром од ведро небо, а среќни ќе бидете кога ќе сфатите дека не е најважно да бидете на секое отворање на кафуле, да седите во ВИП сепаре или да купувате скапи крпи.