Познато е дека лото девојката Марјана Станојковска беше навистина блиска пријателка со пејачот Влатко Илиевски кој за жал животот го загуби пред една година.
„Една година помина…. Се уште не можам да поверувам и не сакам да поверувам… Фалиш Влатче и засекогаш ќе недостасуваш“, напиша Марјана Станојковска.
Марјана и Влатко Илиевски беа првиот водителски пар на естрадниот магазин „Бекстејџ“, но и покрај тоа тие и приватно многу често се дружеа и поддржуваа во сопствените успеси.
Пред неколку дена и актерот и шоумен Игор Џамбазов исто така се потсети на прерано згаснатиот живот на Влатко. Имено тој летово се наоѓа во Дојран, па се потсети на времето кога таму заедно се дружеле со Влатко.
„Прееска те слушнав на радио. Ја пееше нашата песна. И си помислив… ќе се јавиш за да кажеш дека си пред Дојран. Пријателе млад, недостасуваш до грч“