Освен убав и исончан тен, сонцето понекогаш може да нѝ ‘пружи’ и изгореници, особено ако не се придржуваме на добро познатите правила за заштита.
„Изгорениците од сонце се видлив знак за оштетување на кожата. Тие покажуваат дека УВ зрачењето поттикнува произведување на слободни радикали кои можат да бидат многу штетни за кожата“, вели дерматологот, д-р Рајани Кејт.
Изгорениците знаат да бидат многу непријатни и болни, затоа, за да си ја олесните нелагодноста преку денот, а и преку ноќта, за почеток направете ладни облоги.
„Намокрете пешкир во ладна вода, а потоа ставете го на кожата и оставете го 10-15 минути. Потоа нанесете хидратантна крема без мирис и тоа додека кожата сè уште е влажна. Важно е да избегнете иритација на кожата“, тврди Кејт.
Нормално, секогаш е подобро да спречите отколку да лечите, па затоа горењето на сонце лесно можете да го избегнете со паметни трикови.
Доколку ова не ви помогне имаме и уште неколку природни препарати кои можеби повеќе ви помогнат: водата, јогуртот, медот, јагодите, компирот итн…
Вода
Како што знаете, водата ја хидрира вашата кожа и ја прави поеластична и помека, па доколку сте изгореле на сонцето пијте што повеќе вода за да ја хидрирате кожата одвнатре.
Јогурт
Уште одамна е познато дека изгорениците од сонце ги ублажува јогуртот или киселото млеко кое разладува, смирува, ја влажни кожата и ја враќа pH вредноста. Јогуртот нанесете го на изорените места и оставете го да отстои 15 минути.
Мед
Медот, исто како и јогуртот, ја смирува и обновува оштетената кожа и оштетените клетки на кожата. Нанесете го на изгорениците и оставете го да отстои околу 20 минути.
Јагоди
Јагодите се богати со витамин Ц кој е најважен за производство на колаген, но и танинот кој ги смирува воспаленијата. Направете каша од неколку јагоди и ставете ја на изгорените места.
Компир
Овој зеленчук е богат со скроб кој има можност да ја извлече топлината од кожата и да ја смири болката бидејќи делува како природен аналгетик.
Зелен чај
Танинската киселина која се наоѓа во зелениот чај помага при регенерација на оштетената кожа. Разладениот зелен чај нанесете го на болните места.
Кисела вода
Доколку вашата кожа при несоодветното сончање силно се затегне, што воопшто не е пријатно, земете едно шише кисела вода и по туширањето со ладна вода прелијте со се шишето кисела вода на сите проблематични места, болката ќе изчезне за миг.