Неделен хороскоп (8ми до 14ти јули): Лавот, Ракот и Стрелецот ќе имаат неверојатна недела

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа седмица никој нема да може да ги сопре Лавовите и огнените знаци! Меркур и Марс гарантираат за нивната енергија, а нови можности ќе имаат на секој чекор…Помалку среќа ќе имаат Биковите и Водолиите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го неделниот хороскоп за периодот од 8ми до 14ти јули, 2019.

Овен – Сочувајте си го мирот

Вашата недела нема да започне на најдобар начин – во понеделник и вторник ќе бидете нервозни поради лошата Месечина, а тука е и неповолната Венера која ќе ви создава љубовни маки. Внимавајте недоразбирањата со партнерот да не преминат во сериозни кавги! Убави вести пак, би требало да пристигнат на работа, благодарение на Меркус, но не пред среда.

Бик – Не претерувајте!

Внимавајте да не преземете премногу обврски оваа седмица, Марс и Меркур се во неповолна позиција, па ќе чувствувате замор, пад на енергијата и лошо расположение. Особено внимавајте во среда, четврток и петок, кога и неповолната Месечина ќе создава дополнителна нервоза. Работите нема да одат како што сакате, на ниедно поле…Затоа, не избрзувајте и не претерувајте во ништо, искористете ја подобро оваа седмица за релаксација.

Близнаци – Најбарани на работа

Оваа недела за вас започнува „на големо“, со прекрасна Месечина во понеделник и вторник која ќе ви даде убави можности и добро расположение. Меркур и Марс ќе ви гарантираат деловен успех и силна енергија. Ќе бидете најбарани на работното место! Внимавајте само на крајот на неделата – сабота и недела, кога може да бидете нервозни поради лошата Месечина.

Рак – Ќе бидете неодоливи

Со Венера во конјукција никој нема да може да ви одолее. Оваа седмица подгответе се да избирате – ќе бидете како магнет, ваше е да одлучите со кого ќе споделите разговор, дружење, љубов…Ако сте „сингл“ искористете ја оваа можност да си најдете сродна душа – ќе биде подобро отколку што можете да замислите! Најсреќни денови се среда, четврток и петок, зашто тогаш ќе ја имате и прекрасната Месечина со вас!

Лав – Број 1

Драги Лавчиња, ова е ваша недела, вие сте ѕвездите! Полни сте со желба и енергија, со Меркур и Марс во конјукција, никој за ништо нема да може да ве спречи, но и ѕвездите работат за вас па ви носат бројни среќни околности. На работа доаѓаат големи потврди, признанија, ама и нови прилики за деловност, осаобено во првиот дел од неделата. Понеделник и вторник ќе бидат суперсреќни денови.

Девица – Ах, љубов…

Драги Девици, ако очекувате важен одговор за работа, тешко дека ќе пристигне во овој период. Ќе мора да почекате уште две три недели. Но во компензација, љубовта ќе ви цвета! Планетата на љубовта, Венера, ќе ви подарува се што ќе посакате и замислите. Но внимавајте да не полемизирате премногу или да не барате детаљи во се.

Вага – Тензии со саканите

Вашата седмица ќе започне „на големо“ со два дена со Месечина во конјукција. Во понеделник или вторник, може да очекувате некоја прекрасна вест, на работен план. На сентиментален план пак, Венера не е поволна па ќе ви донесе провокативни ситуации кои ќе предизвикаат кавги со саканите. Покажете дека имате разбирање и сигурност во саканите, и се ќе биде добро…

Шкорпија – Недостаток на енергија

Драги Шкорпии, заморот е насекаде…премногу се вложувавте во последниов период, и сега, нормално, преморени сте. А тоа се должи и на Марс кој ќе ве „казни“ со пад на енергијата и лошо расположение, особено поради проблеми на работното место. Но за среќа, со вас е прекрасната Месечина која ќе ви го осветлува патот. Најубави денови за вас се среда, четврток и петок, искористете ги!

Стрелец – Суперсреќна недела

Оваа недела ве очекува големо обновување на енергијата. На работен план, ќе се вратите во топ форма. Меркур е со вас, за да ви го расчисти патот и да ви отвори нови врати за соработка. Успехот ќе биде голем! Сабота и недела, една прекрасна Месечина ќе ве поддржи за да ги решите сите љубовни маки, а најдобро е – да го поминете викендот со саканото лице подалеку од градот, во романтика.

Јарец – Посветете си време себеси

Драги Јарци, за жал, оваа недела опозицијата на Венера ќе ви донесе љубовни нервози…Затоа, размислувајте како да си најдете спокојност. Можеби сами на одмор? Или викенд во кој целото време себе ќе си го посветите? Во право сте, но некогаш не вреди на другите тоа да им го докажувате…А можеби е и вистинско време за промена, на љубовен план. На деловен план пак, ништо (сеуште) на повидок. Стрпете се уште само малку.

Водолија – Бидете конкретни

Знаеме дека сакате да сонувате со отворени очи, но сепак, оваа недела ќе бара од вас да бидете дефинирани, одлучни и конкретни. Меркур во опозиција ќе направи да вложувате двојно повеќе енергија за да ги постигнете саканите резултати на деловен план. Во љубовта, ако не сте искрени и отворени со партнерот, можни се кавги, затоа дискутирајте!

Риби – Романтични денови

Уште една недела е пред вас во која љубовта ќе биде на прво место. Оние кои се во пар ќе уживаат прекрасни моменти со партнерот, а осамените Рипчиња, ако сеуште се сами, имаат можности за вљубувања и нови врски…Среда, четврток и петок ќе бидат суперсреќни денови на љубовен план. Малку стрес пак, ќе почувствувате за време на викендот, поради некоја непредвидена ситуација..