Секоја трудница мора да ги знае овие совети за да ги издржи високите температури

ИЗВОРСкопје24
|

Летото е во полн ек. Високите температури на многумина им создаваат потешкотии во нормалното функционирање, а посебно на трудниците.

Стручните лица советуваат идните мајки секогаш со себе да си носат шише вода во која претходно исцедиле малку лимон и додале шеќер.

Отоците на нозете и рацете, најчесто во последните недели од бременоста, во лето е повеќе изразена. Треба да се избегнува долго стоење и носење тесна облека, а важен е и одморот. Седењето треба да биде со подигнати нозе.

Ако го користите јавниот превоз, замолете некој да ви го отстапи местото.

Во топлите летни денови на трудниците им се препорачува пливање и капење бидејќи водата го опушта телото, а во неа можете да вежбате и техники на дишење.

Водата на повеќе начини ќе ви помогне во борбата со летните температури, кои посебно тешко им паѓаат на трудниците. Ако имате нормална бременост, нема причина да не се освежите на море, река, чист базен..

Додека чекате да се остварите во најубавата и најважна улога во животот, времето до пораѓајот искористете го за опуштање и одмор.