Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба, соопштија од Банката.
Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.
Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена.
Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. во 10 часот и 36 минути извршен е грабеж на филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир.
Сличен грабеж се случи на 15 април годинава во 10 часот и 36 минути кога беше ограбена филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир.
Убедливо најголем грабеж на НЛБ Банка е оној кој го изврши во април 2017 година вработен во НЛБ Банка, со иницијали Б.С. кој од трезорот во централата на банката украде 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.