Бугарските плажи празни: Лежалка е 5 евра, а добиваш само вода

ИЗВОРСкопје24
|

Бугарските туристички работници се жалат на лошата турстичка сезона. Причина за тоа е што закупците на плажите наплаќаат 10 лева за изнајмување лежалка, па затоа плажите зјаат празни. За 5 евра туристите е добиваат само шишенце минерална вода.

Празните лежалки говорат за тоа дека годинава е драстично намален бројот на туристи, а особено е алармантна состојбата во Албена и Сончев брег.

Къде са туристите?

Агонизиращата бавна смърт на Българския Туризъм на видео!Събота – 11:00 часа – 29-ти Юни 2019 год – Слънчев Бряг!Приятно гледане!

Gepostet von Спаси Варна am Samstag, 29. Juni 2019

Ако одите на одмор во Бугарија, треба да внимавате каква храна ќе понесете, бидејќи цариниците нема да ви прогледаат низ прсти ако најдат во возилото месо и млечни производи. Таму не можете да одите на патлиџан-туризам.

Во Бугарија смеете да понесете литар жесток алкохол, но со максимум 22 отсто алкохол, 4 литри вино или 16 пива. Можете да внесете 200 цигари, односно една штека.

Од храна, смеете да понесете два килограми храна за деца, 2 килограми риба, но воопшто месо и млеко и млечни производи.