Дваесет коњаници ќе јаваат на Илинденскиот марш

ИЗВОРСкопје24
|

Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш, што оваа година ќе се одржи по 41.пат, под покровителство и финансиска поддршка од Општина Аеродром и Град Скопје.

Општина Аеродром денеска соопшти дека коњаниците наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар.

Коњаничкиот марш, како и секоја година, ќе почне на 27 јули од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.