Лото добитник од Австралија, кој освоил награда во вредност од речиси 19 милиони евра, останал без ништо по низа катастрофални инвестиции.
Поранешниот работник во кино, Шериф Гиргис, имал 23 години кога освоил џекпот од 30 милиони австралиски долари во 2007-ма година.
Откако се посоветувал со агент за недвижнини во Перт, решил да “го одврзе кесето”, па купил паб, луксузен брод, ноќен клуб и дел од земјиште со поглед на море.
Потрошил повеќе од 800.000 евра за уредување на пабот, но во рок од три години изгубил околу 620.000 евра.
И останатите потфати му пропаднале, а Гиргис останал и без среќа. Започнал правна постапка против Расел Поливка, бизнисменот на кој му доверил да управува со неговото богатсво.
Меѓутоа, судот минатата недела пресудил Поливка на Гиргис да му исплати само 1,2 милиони евра, а не целосното богатство, на што всушност се надевал.
Како што пренеле тамошните медиуми, поранешниот милионер потрошил 1,6 милиони евра на ноќен клуб, но ова место наводно било преценето.
Исто така купил и луксузен брод по средбата со бизнисменот Поливка во 2012-та година. Сега останал без ништо.