Лубеницата е здрава и вкусна, таа е кралица на летото. 91% од составот на лубеницата е вода.
Тоа значи дека ја има моќта да нè хидрира во пеколните жештини без додатните калории, бидејќи лубеницата содржи само 30 калории во 100 грама. Исто така, богата е со витамин А и витамин Ц кои позитивно делуваат на нашето здравје.
Кога нареден пат ќе решите да се почастите со лубеница, која според витамините е едно од најздравите овошја, ставете и сол.
Тоа помага благодарејќи на констрастот да се отстрануи добар дел од водата во лубеницата, па да остане само слаткиот дел. Не само тоа, туку и ќе ви направи да произведувате повеќе плунка во организмот, што ќе ја направи лубеницата уште послатка.