Во Германија многу луѓе живеат под кирија, затоа што недвижниот имот е скап и е невозможна мисија за многумина.
Власта не може да го запре растот на кириите, што создава гнев кај граѓаните. Оваа пролет десетици илјади луѓе излегоа на улиците за да протестираат. Има барања да се направи некое ограничување. За пет години кириите скокнале за 11.4%.
Во Минхен изнајмен метар квадратен во просек чини 18 евра. За стан од сто квадрати се плаќаат 1.800 евра. Во Франкфурт метар квадратен е 14 евра. Во Берлин цената е 6.72 евра. Мал број станови се со поволна цена.
Еве кој најмногу, а кој најмалку заработува во Германија
Бидејќи повеќето луѓе сакаат да се иселат во Германија, ова е листата на бруто плати на годишно ниво за 10 најплатени професии во земјата.
примариус доктор – 115.317 евра
менаџери на фондови – 83.641 евра
лекар специјалист – 80.722 евра
сметководител – 75.671 евра
регионален менаџер за продажба – 74.528 евра
Но, има и професии кои се слабо платени.
работник во кујна – 21.907 евра
фризер – 23.202 евра
келнер – 23.619 евра
работник во кол центар – 25.200 евра
рецепционер – 25.372 евра
готвач – 27.195 евра
забен техничар – 27.993 евра
негувател – 28.002 евра