Во 2019 година заборавете на Бали, Миконос и Сен Тропе. Новата луксузна дестинација која оваа година мора да ја посетите е приморскиот град Бодрум во Турција. Бодрум го нарекуваат и турското Сен Тропе и тоа поради луксузните хотели, клубови на плажа, богата гастрономија и многу јахти кои пловат по тиркизните води.
И додека Европјаните со години го посетуваат оваа прекрасно место, американските туристи останале лишени од магијата на Бодрум, пренесува Бизнис Инсајдер.
Дури и Condé Nast Traveler и Bloomberg го нарекле Бодрум едно од најдобрите места за патување во 2019 година, а Bloomberg предлага патниците да го прескокнат Бали во корист на Бодрум. Публикацијата истакнала дека некои од најлуксузните места во Бодрум се Six Senses и Edition Hotels.
“Бескрајните базени со поглед кон Егејското море, клубови на плажа кои ги избрале славните, турски бањи и местата за сончање обвиени со маслинови дрвја, Бодрум е дестинација која добро му парира на Сен Тропе и Миконос”, пишува Bloomberg за Бодрум.
Ова е сè попопуларна дестинација за луксузни патувања и во светот ја споредуваат со Сен Тропе на француската ривиера и Миконос на грчката. Градот се наоѓа на југозападното крајбрежје на Турција на брегот на Егејското море.
Она што е интересно е дека во Бодрум е дозволено градење на куќи со најмногу два спрата, а пред да го има статусот на најпосакувана туристичка дестинација, овој град имал репутација на боемски град каде во него се собирале уметниците од целиот свет.
Во Бодрум може да ја посетите тврдината на Свети Петар, а ако сте љубител на ноќниот живот, треба да знаете дека Бодрум е најпознат по тоа, а забавата до раните утрински часови е загарантирана.