Инцидент на свадба во Скопје: Гости двоеле сватови да не се степаат, едниот го блокирал излезот

ИЗВОРСкопје24
|

Свадбена веселба која викендов се одржала во скопски ресторан за малку не завршила со тепачка помеѓу двајца сватови. Гостите се веселеле, но пред полноќ настанала расправија помеѓу две лица. Мажите кои биле под дејство на алкохол расправијата ја продолжиле надвор од објектот каде дел од присутните гости спречиле физичка пресметка.

Кога едното од лицата кое учествувало во караницата се упатило кон паркингот, гостите очекувале дека недоразбирањето да заврши, но тој на паркингот го препаркирал автомобилот така што блокирајќи го излезот.

За да не се влоши ситуацијата, вработените во ресторанот побарале асистенција од обезбедувањето на објектот, по што возилото било тргнато, а едно од лицата кои биле во расправијата било придружувано до својот дом.

Ова не е прв пат свадбената веселба во Скопје да се претвори во кошмар за младоженците, но добро е тоа што барем караницата не излегла од контрола, па се се завршило со добро.