„Изгледаш како да ти го подариле бебето, а не да си го родила“- Пријовиќ во неверојатно издание по породувањето (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

По извонредната фотографија во бикини, популарната пејачка Александра Пријовиќ сподели фотографија на која никогаш не изгледала позгодно.

Социјалните мрежи едногласно и порачаа на пејачката дека таа буквално „гори“ откако се породила и нема никакви белези од истото.

Имено на фотографијата Пријовиќ позира во тесни кратки фармерки истакнувајќи ги нејзините долги нозе, а истото го направи и со нејзините бујни гради кои беа истакнати во преден план.

Сепак на фановите најмногу им бодеше очи нејзиниот рамен стомак кој изгледа буквално како никогаш да не се породила, а уште помалку пред три месеци.

-Изгледаш како да ти го подариле бебето, а не да си го родила, честитки на линијата, изгледаш подобро од било кога…, се само дел од коментарите кои се нижеа од минута во минута.

Дали навистина фотографиите на Пријовиќ се направени сега или можеби пред некоја година, не можеме да знаеме со сигурност, но едно е сигурно таа изгледа неверојатно.