Како да си го спасите животот доколку ве касне змија

ИЗВОРСкопје24
|

Кога некого ќе го касне змија тоа навистина може да биде опасно. Она што треба да го имате на ум е дека змијата нема да ве нападне доколку не ја допирате или не и правите нешто.

Доколку случајно ја допрете, таа ќе помисли дека сакате да ја нападнете. Симптоми кои се јавуваат откако ќе ве касне се следниве: Вртоглавица, мачнина и повраќање и оток на лимфните јазли.

Освен тоа, на местото каде што ве каснала се појавуваат две точки. Личноста која е касната од змија треба веднаш да повика брза помош.

Она што не смеете да го правите: Никако не ја врзувајте раната и не шмукајте го отровот со уста и до доаѓањето во болница никако не пијте никаква течност.

Како да се заштитите од каснување: 1.Кога знаете дека ќе одите во природа, облечете се соодветно, долги чизми и панталони; 2. Не протнувајте ги рацете во грмушки и 3. Не подигнувајте тешки камења бидејќи често под нив се наоѓаат змии.

Само две состојки: Најевтиниот домашен спреј кој ќе ги тргне сите комарци од вас!

Промената на климата, односно, големите разлики во неа, доведе до куп комарци кои не нѝ даваат мир.

Луѓето на разни начини се борат против непријатните инсекти, а ако сакате да поминете евтино, направет домашен спреј.

Во што е тајната на оваа мешавина?
Иако не е докажано, се смета дека комарците не ги напаѓаат луѓето кои консумираат бел лук, бидејќи не можат да го поднесат неговиот мирис. Кога просторијата ќе ја испрскате со бел лук и вода, после само неколку минути непријатниот мирис вие нема да го чувствувате, но овие нападни и досадни инсекти ќе го почувствуваат и ќе бегаат од вас.

Состојки: бел лук и вода.

Подготовка: Згмечете пет чешниња лук и ставете еден литар зовриена вода, гответе некое време, па тргенете од оган. Кога ќе се излади течноста, истурете ја во шише со прскалка или некое друго старо шише од парфем.