Нема човек кој не го пробал овој прекрасен десерт и веројатно колку и да се обидувате да останете на диета и подалеку од овие слатки задоволства, никој не може да одолее на прекрасно подготвеното трилече. Во продолжение ви претставуваме рецептот за трилече, кој вас и вашите пријатели ќе ве остави без зборови!
Состојки:
За кората: 175 г брашно, 100 г путер, 125 г шеќер, 5 јајца, 1 прашок за печиво, 1 лажиче екстракт од ванила и прстофат сол.
За млечниот прелив: 250 мл кондензирано млеко, 250 мл слатка павлака и 250 мл млеко. За карамел-преливот: 200 г шеќер, 200 мл слатка павлака, 20 г путер и прстофат сол.
Приготвување: 1. За приготвување на кората пенесто измешајте го путерот со шеќерот, па додајте ги јајцата и екстрактот од ванила уште малку матете со миксер, да се поврзат состојките.
2. Посебно помешајте ги брашното, прашокот за печиво и малку сол, па додајте ги во изматената смеса и матете со миксер.
3. Сипете ја смесата во намрсена и набрашнета тепсија и печете ја во загреана рерна на 180 степени Целзиусови додека не порумени.
4. Посебно пригответе го млечниот прелив. Помешајте ја слатката павлака со кондензираното и со другото млеко. Прелејте ја преку оладената кора и оставете ја во фрижидер прекуноќ.
5. За приготвување на карамел-преливот растопете го шеќерот на средна температура, па тргнете го шпоретот, додајте го путерот и промешајте. Вратете го на шпоретот, па сипете ја врелата слатка павлака и додајте прстофат сол. Промешајте и варете на средна температура додека се растопи карамелот. 6. Натопениот бисквит прелејте го со карамелот.