Паника помеѓу капачите на познатата црногорска плажа Јаз, кај Будва. Инцидентот се случил денеска околу пладне, кога посетителите на плажата помислиле дека во морето има ајкула. Сите веднаш излегле од вода.
Во општата паника, во водата влегло едно локално момче, кое запливало кон „ајкулата“, за која на крај се покажало дека е само голема риба иглун, вид на сабјарка.
Целиот инцидент присутните го споделија и на социјалните мрежи.
Gepostet von Nikola Mitrovic am Samstag, 6. Juli 2019
Колку чини еден ден на плажата Јаз кај Будва?
Доколку Црна Гора е вашата дестинација за овогодинешниот одмор, во никој случај не пропуштајте шанса да ја посетите најпопуларната плажа кај Будва.
Плажата Јаз е оддалечена десетина минути со автомобил од градот, а паркингот е голем и бесплатен.
Две лежалки со чадор за сонце и масичка коштаат од 10 до 12 евра на ден. За балдахините, пак, се доста поскапи и коштаат 20 евра на ден. Доколку не сакате да изнајмите лежалки, на плажата има и места каде може да поставите свој чадори и крпа.
Во понудата на бич-баровите може да порачате и ракија од 1.5 евра, како и сите други жестоки пијалоци чија цена не надминува 4.5 евра. Храна може да најдете од најевтина брза храна за 2 евра до неколку десетици евра за специјалитетите по рестораните.
На неколку места може да најдете сладолед, а на плажата има и продавачи на крофни и масло за сончање.
Еден ден во водениот парк за децата чини 20 евра, а цената на тобоганите зависи од минутажата. Водената забава за возрасните кошта од 4 до 60 евра, во зависност од активностите.