ерманските компании имаат проблеми да пронајдат квалификувана работна сила, неопходна за да го зголемат производството, предупреди економскиот институт IW. Институтот проценува дека недостигот на работна сила, економијата ја чини 0,9 процентни поени од БДП годишно.
Германскиот пазар на труд бележи раст, при што е регистрирана најголема стапка на вработеност од кога надлежните тела почнале да го следат тој показател. Квалификувани работници недостасуваат и поради невообичаено долгиот период на економски раст, кој влезе во девета последователна година, како и поради недостиг на работно способно население.
Од економскиот институт истакнуваат дека доколку германските менаџери би ги вработиле сите невработени со соодветни квалификации, празни би останале 400.000 работни места. Тоа значи дека германскиот БДП би бил поголем за 0,6 процентни поени доколку би биле ангажирани сите работници кои им се потребни.
Со оглед на тоа дека фирмите кои вработуваат нови работници, паралелно ги зголемуваат вложувањата во машини и опрема, среднорочно, БДП би бил поголем за 0,9 процентни поени.