10 знаци дека сте апсолутен Јарец во хороскоп

ИЗВОРСкопје24
|

Луѓето кои се родени во знакот кој ги означува почетокот и крајот на годината ќе ги разберат овие 10 работи.

1. Кога некој зборува за амбиции вие едвај се воздржувате да не „прснете“ од смеење
Колегата ви се жали колку работа има на новиот проект? – Би му помогнале, само да не работевте на вашите седум!

Вие сте многу амбициозни и мотивирани (особено од парите) и би направиле сè што би можело да ве однесе до посакуваната цел. Бидејќи сте свесни дека ништо нема да ви падне од небо, ги засукувате ракавите и без жалење тргнувате да ја завршите работата.

2. Сè што му е потребно на Јарецот е еден вистински, близок пријател
Лесно се сложувате со сите, но вистински пријатели станувате само со една или две личности. Се грижите и се посветувате на нив. Подготвени сте да им помогнете во секоја ситуација, да ги исправите на нозе и да не чекате ништо за возврат. Се водите според мотото: Вистински пријател е оној кој ќе биде тука, кога никој друг веќе не е!

3. Не сакате да се расфрлате со вашите чувства, но…
Кога тоа ќе се случи, изгледа како да сте на аудиција за оскаровски филм. Солзите течат сами, затоа што се вистински и од срце. Бидејќи секогаш се држите прибрано и одмерено, вашите солзи се како прелиена чаша.

4. Премногу размислувате и ги анализирате нештата
Некој ви упати навидум наивна шега? Сигурно тоа бил злобен коментар, намерно упатен кон вас за да ве повреди. Барем така се развиваат мислите во вашата глава.

5. Тешко е некој да ве извади од такт, но кога тоа ќе го направи…
Тогаш не е добро да се биде во ваша близина. Се претворате во диви ѕверови, арогантни и крајно своеглави и тврдоглави. Во тие ретки ситуации секогаш имате спремни аргументи во ракавот, со кои ќе успеете да ги убедите сите дека сте во право.

6. Никој не може да насети лага како Јарецот
Бог нека му е на помош на оној кој ќе се обиде да ве излаже.

7. Имате алишта насекаде во спалната, но таа за вас е чиста како солза
Чудна опозиција што само Јарците ја разбираат, нели?

8. Вие сте владетели на сарказмот
Колку пати сте имале недоразбирање поради оваа ваша несвесна особина? Не сте виновни вие, тоа е посилно од вас. Дури и кога зборувате најобични работи, од вашата уста тоа секогаш звучи саркастично.

9. Луѓето ве сакаат затоа што сте муабетџии и постојано кажувате шеги
Па, вие сте една весела и зборлива личност која умее да ги забавува другите и просто, човек не може, а да не ве забележи иако не сте личност која сака постојано да биде во центарот на вниманието.

10. Ги правите работите исклучиво за себе
Вие не сте себични. Едноставно сакате да вложувате во себе и да не се плеткате во туѓите животни избори. Затоа кога правите нешто прво тргнувате од себе. Па, дури и додека го читате ова си велите „Ова е за мене пишувано!“

Ајде сега вратете се на работата, уште многу работи чекаат на вас.