Модното царство на контроверзниот рапер, Каније Вест, е проценето за неверојатни една милијарда долари, пренесува Форбс.
Приходот е од неговата „Yeezy“ колекција на патики, каде соработуваше со Адидас, иако до 2013-та работеше само со Најк.
Рапорот својата колекција на патики ја нарекува уште и „Ламборџини чевли“, поради црниот Ламборџини SUV, кој го поседува.
Форбс известува дека раперот на снимањето на насловната фотографија за магазинот се појавил не еднаш, туку двапати во црн дуксер, и му рекол на уредникот дека е загрижен дека статијата нема доволно да се фокусира на верското влијание на неговиот бизнис.
Изгледа дека Вест доживеал вистински успех кога е неговиот бренд во прашање. Сите се сеќаваме кога во 2016-та година од Марк Закерберг барал една милијарда долари тврдејќи дека е во долг од 53 милиони долари. Очигледно дека Ким е добра амбасадорка на неговите „парталчиња“.