Уште седум дена до отворањето на првиот Retail Park во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Како што веќе најавивме, Скопје на 18.07 го добива својот прв Retail Park – POINT Retail Park. Еден од најубавите концепти за пазарување во светот, кој повеќето луѓе го обожаваат пред се поради лесниот и единствен начин на пазарување на принцип Stop & Shop, наскоро ќе биде презентиран и кај нас. По повод отворањето предвидени се голем број на забавни активности како за најмладите така и за повозрасните. Големи акции, попусти и најважно од се, Late Night Shopping во кој посетитителите ќе можат да уживаат до полноќ купувајќи ги своите омилени парчиња на гардероба или нешто за својот дом. Забавата е предвидено да започне за најмладите уште во 12 часот со песни и забава, а ќе можат да уживаат во убави песни, фотографирајќи се со омилените картолини и да играат на професионалните играчки за деца кои ќе бидат поставени за нив. Од 19 часот е предвидено и свеченото отворање на Point Retail Park каде се очекуваат голем број на луѓе и гости. Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска према и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, , игрoетка и продавница за деца на површина од 2500 м2. Point Retail Park се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места. Инвеститор на Point Retail Park е компанијата Али Тобако. Не заборавајте дека на 18.07.2019 започнува со работа првиот Retail Park кај нас.Запомнете ја датата.