Раста со емотивна порака за својата мајка: „Извини за сите стресови и солзи!“

ИЗВОРСкопје24
|

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста ретко во јавноста зборува за својот приватен живот, но гостувајќи во една српска емисија раскажа што го привлекло во светот на реге музиката, а потоа ја спомна својата мајка Слаѓана и таткото Драган Ѓуриќ.

-Мојот татко беше тој кој прв ми ги пушташе песните од Боб Марли каде јас сфатив дека тоа е мојот свет, вели Раста во емисијата каде додаде дека неговиот татко е професор по  германска филозофија на Филозофскиот факултет во Белград, додека неговата мајка е професорка на факултетот за безбедност.

Доказ дека ги почитува своите родители е неговата скромност, а по повод роденденот на својата мајка сподели и фотографија од неа.

„Благодарам што постоиш, благодарам за се и извини што милион пати за секој стрес, тага, солзи, страв, болка… Ти благодарам за се, што покрај се беше најдобра“, што покрај се беше мој најдобар пријател, пишува под фотографијата Раста.