Велат во „Здраво тело, здрав дух“, а македонската пејачка Елена Ристеска изгледа одлучи да се започне со физички активности.
Така ако судиме по објавите на социјалните мрежи, Елена започнала со часови по јога.
Јога и јога позите се корисни бидејќи му даваат хармонична рамнотежа на вашиот систем. А целосна благосостојба не е само здраво тело, туку и здрав ум и дух. Јогата работи на сите овие аспекти.
Па, македонската пејачка изгледа одлучила да се погирижи за своето тело.
Имено, Елена на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која се обидува да прави нова јога поза, а ја предизвика и нејзината другарка, пејачката Каролина Гочева.
Гочева одговори дека засега не е подготвена за јога.
„Фала Ленка за таг, ама јас за сега можам да се пофалам само како јога фотограф“ напиша Каролина.
Ристеска не остана должна, па веднаш одговори
„Јас на прв час не знаев зошто сум дојдена на јога, така што…за кратко очекувам дека ќе стоиш на раце, а јас ќе те сликам“ порача Ристеска.
Дали Каролина ќе се одлучи да започне јога и таа ќе биде следна кога ќе објави фотографија со поза, останува да видиме.
Извор: vistina.mk