Венеција воведува нова давачка за туристите

ИЗВОРСкопје24
|

Секоја година Венеција ја посетуваат околу 25 милиони туристи, околу една петтина од нив ноќта ја поминуваат во историскиот центар на градот.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро порача дека со новиот закон за буџет, на градските власти ќе им биде одобрено да наплатуваат за пристап до историскиот центар на градот, и тоа на сите посетители, а не само на оние кои доаѓаат тука за да преспијат.

Бруњаро на Твитер соопшти дека новите такси ќе бидат проширени и за сите туристи кои ја посетуваат Венеција со цел да се овозможи одржување и чистење на градот.

 

Моментално, на посетителите кои доаѓаат да преспијат им се наплаќа мала сума за една ноќ.

Бруњаро обелодени и дека досега, сите трошоци за хигиена и одржување на градот се платени од страна на граѓаните на Венеција.