3-те хороскопски знаци на кои август ќе им биде најдобриот месец во годината

ИЗВОРСкопје24
|

Малкумина го знаат ова, но постојат повеќе од четири сезони во една година. Всушност, има 12 сезони, кои сосема случајно се совпаѓаат со тркалото на зодијакот. Па, опуштете се и не грижете се, затоа што кога-тогаш и вашата среќна сезона ќе дојде! Во меѓувреме, дознајте кои 3 знаци ќе „растурат“ во текот на најтоплиот месец од годината.

Лав
Среќен роденден на сите Лавови! Признајте, ова ви е омиленото време од годината. Всушност, можеби веќе и сте почнале да славите. Во право сме? Да бидеме искрени, секогаш има причини за славење кога вие сте во близина, но постои нешто навистина магично кај вашата небесна сезона. Овој период, вие станувате вистинската причина зошто луѓето се охрабруваат да бидат оние што навистина се. Вашата сјајна харизма и заразното смеење ги потсетува другите дека е сосема во ред да го прифатат внатрешното дете.

Август ќе биде полн со изненадувања за вас, и сè што ќе работите ќе биде совршено. Соларната еклипса што ќе биде во вашиот знак на 11 август е сосема нов почеток за вас, па затоа и ќе добиете шанса да почнете од почеток, и да го живеете животот за кој сте родени!

Девица
Вие конечно почнувате да се чувствувате како себеси. Но, тоа што навистина треба да почнете да го забележувате е какво влијание имате на остатокот од светот. Додека вие сте преплавени со стрес, претерано работејќи во обид да ги направите нештата совршени, луѓето околу вас се маѓепсани од сите постигнувања што вие не ги ни забележувате. Дури и најтешките задачи, кога вие ги работите, изгледаат лесно.

Август ќе биде премногу добар месец за вас, особено откако Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе влезе во вашиот знак и ќе се слизне во зоната на парите. Божицата на љубовта има одлично влијание во оваа област од вашиот знак, особено затоа што владее со вашите вредности, заработка и самопочит. Ова е космичката територија на Венера и како што изгледа, вие ќе бидете многу среќни.

Вага
Вашата енергија шармира и владеете со секоја област од вашиот живот. Се чувствувате одлично во врските, и несвесно ја имитирате вашата околина, поради што и без да забележувате станувате личноста со која сите околу вас сакаат да разговараат. Би сакале да ја споделите оваа способност и со останатиот дел од светот?

Август ќе ви започне со сензуалната Венера на вашата страна. Таа ќе влезе во знакот Вага на 6 август, и токму тогаш, целиот свет ќе ви биде во дланка! Но, тоа не е нешто ново за вас, се согласувате? Соларната еклипса на 11 август ќе донесе нови почетоци на вашата проширена мрежа, како и во пријателските кругови. Затоа и бидете спремни да запознавате многу неверојатни луѓе што брзо потоа ќе ги нарекувате најдобри пријатели.