До недела променливо и посвежо време со повремен пороен дожд

ИЗВОРСкопје24
|

Променливо и посвежо време со дожд кој некаде ќе биде пороен, најавува УХМР за петок и деновите од викендот.

Утре и во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.

Минималните дневни температури ќе бидат меѓу 9 и 19, а максималните ќе достигнат до 32 степена.

Во изминатите 24 часа, според податоците на УХМР, најмногу дожд наврнал во Охрид – 30 литри на метар квадратен, во Претор – 26, во Крива Паланка 25, а во Скопје 13 литри.

Паднати дрвја, откорнати покриви на куќи и штети направи страшното невреме кое ја зафати Македонија вчера. Страшното невреме најмногу ја погоди Преспа каде беше прогласена вонредна состојба, а исто така големо невреме со силен ветер кој уриваше дрвја го зафати и Дебарскиот регион. Токму ова најавено невреме се случи поради доста загреаната атмосфера и исполнета со енергија но и поради судирот на све воздушни маси кој се случи (посвежата од север и топлата од југ). Ваквата ситуација предизвика многу штети.